Др. Ѓуров: Советник за безбедност што нема пари да преживее

Др. Лазар Ѓуров основач и претседател на институтот за индивидуален и организациски развој “Симбиотика” го анализира именувањето екс Командантот Хоџа за советник на премиерот Заев за безбедност и радикализација:



Ова со Командант Хоџа е дел од реформите за НАТО и ЕУ?

Дел од тој планот 369? …или само 69? :/
Има конкурс? Исполнува некои услови тој човек?
Ок, ок…разбирам јас дека таму има некоја ситуација за решавање. Еве да претпоставиме дека тоа е за највисоко добро на сите во земјава Ама преку советничко место во Влада ли се решава?

Што е Владата?
Социјално?
Месна заедница?
Црвен крст?

Каква е таа позиција советник за безбедност за човек кој немал пари да преживее?…се слушате ли што кажувате???

Дајте му помош. Ама нека се вика социјална помош, хуманитарна помош….било каква помош. Ама каков е тој советник?

Кои се неговите квалификации?
Смее ли човек без соодветно образование, квалификации и безбедносна проверка да добие таква позиција?

Што се случува таму внатре бре луѓе???
Сте слушнале ли вие за зборовите критеруми и постапка?

Помогнете на кого треба да се помогне ама не си играјте мајтап со системот…ако воопшто ви е јасно што е систем!

И конечно Звонко и Ѓорги (кои си ги жртвуваа животите за да ги извадат бомбите) не се решени, вие Хоџа го решавате. Имате ли приоритети, прашува Др. Ѓуров.