Епидемиологот Драган Даниловски во вонредно издание на отворената програма на Алфа ТВ се обиде да направи аналогија со студија на американскиот епидемиолог и виролог Липсич за да доје до потенцијална бројка на заболени од коронавирусот во Македонија.
Користејќи ги параметрите од студијата направена во САД Даниловски во емисијата на ТВ Алфа укажа на можна бројка од 24 илјади заболени во Македонија.
Др. Даниловски запрашан од новинарот Горан Момироски дали земјата може да се соочи со 200 до 300 заболени вели дека дури и ако се 2000 до 3000 Македонија има капацитет но тој се плаши можната бројка да е многу поголема.
Аналогијата со која Даниловски доаѓа до бројка од 24 илјади жители тој ја направи користејќи ја споредбата на бројот на жители на САД и Македонија притоа истакнувајќи дека не сака да прави паника но дека државата мора да биде подготвена на сите сценарија.
Во емисјата учествува и гастроентерохепатологот Владимир Аврамовски кој укажува на моделите од светот кои треба да ги користи Македонија за да излезе од кризата и за користење на радикални мерки против ширење на опасниот вирус од кој досега починаа над 5500 луѓе.
Целата емисија на ТВ Алфа која дава одличен пресек на проблемите со коронавирусот на следниот линк
https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/2553508111645303/?t=3446
Даниловски на ТВ Алфа се покива на студија на професорото до Харвард Марк Липсич.
https://www.theatlantic.com/health/archive/2020/02/covid-vaccine/607000/






