Др Даниловски: Вирусот ќе стане „питомо маче“, сите ќе го прележиме (ВИДЕО)

Коронавирусот е во паника, а за шест месеци ќе биде „питомо маче“, рече синоќа епидемиологот д-р Драган Даниловски во емисијата „Клик плус“.



Тој вели дека сите луѓе ќе го прележат вирусот..

„Вирусот е во паника, апсолутно веќе не важи ни вакцината, сите ќе го поминеме, за очекување е дека за околу шест месеци тој ќе се сведе на „питомо маче“, ноктите ќе му се истапат и тој ќе битисува одредено време како ендемски жител меѓу нас“, кажа д-р Даниловски.