Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секоја критика – изјави во гостување на ТВ24 др Драган Даниловски.
За ситуацијата со пандемијата Даниловски вели дека треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, а во САД е под 10% и зошто стапката на смртност е толку голема во однос на инфицираните.






