Др Даниловски: Ќе има и по над 1.000 случаи дневно од Ковид-19

Прашање на денови е кога ќе се соочиме со бројка од  над 1.000 заболени дневно, вели проф. Д-р Драган Даниловски во изјава за Канал 5.



Рече дека најновите пресметки на природно имунизирано население со прележување на ковид 19  или пак со примање вакцина е некаде околу 70 проценти.

„Мерките никој не ги почитува тргнувајќи од политичарите и од позицијата и опозицијата, па се до поединците. Видовме што се случуваше на митинзите“, кажа проф. Д-р Драган Даниловски.