Познатиот детски кардиохирург Владимир Чадиковски негира кандидатура за градоначалник на Скопје.
Во реакција за инфо рација на дел од медиумите дека може да биде кандидат на опозицијата за градоначалник на Скопје Чадиковски вели дека нема таков план во кариерата.
“Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес”, објави Чадиковски кој во последно време е активен на социјалните мрежи со критики за начинот на кој актуелната власт се справува со здравствената и другите кризи со кои се соочува Македонија.





