Др Бухова: Забранета посета во ковид оделенијата

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Д-р Ирина Бухова, вели дека била извршена вонредна инспекциска контрола извршена во 18-те модуларни болници во Mакедонија, но не бил заткнат некој неовластено да престојува.



Според неа по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај вели Бухова.

„Ковид одделенијата имаат апсолутна забрана за посета“, вели Бухова во гостување во „Утрински брифинг“.

Според Бухова инспекторатот нема ингеренции од аспект на градежниот дел туку само од санитарниот дел.