Доктор Марјан Баловски од болницата „8. Септември“ во интервју за ТВ 24 вели дека по делта сојот, треба да се подготвуваме за „Ламбда“ варијантата на Ковид-19
„Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи“, вели докторот.
Додаде дека со Ковид-19 нема правила и дека белите дробови се прва мета така што настанува веднаш уништување на оние клетки кои прават размена на кислородот.
Швајцарески научник предвидува дека наредната година светот ќе се соочи со „Ковид-22“ бидејќи сегашните варијанти ќе еволуираат во супер-вирус…






