На австралискиот бел супрематист Брентон Харисон Тарден денеска му беше изречена максимална казна – доживотен затвор без право на помилување за убиството на 51 лице на две џамии во Крајстчрч, во Нов Зеланд, во март 2019 година.
Ваква казна за прв пат се изрекува во Нов Зеланд.
„Вашите постапки беа нехумани“, му рече судијата Камерон Мандер. „Намерно убивте 3-годишно новороденче додека се држеше за ногата на неговиот татко“.
Премиерката на земјата, Јасинда Ардерн, ја коментираше казната велејќи дека траумата што терористот ја предизвикал заслужува „цел живот во целосна и крајна тишина“.
„Ништо нема да ја однесе болката“, рече таа додека се обрати пред муслиманската заедница.
Деведесет преживеани и роднини на жртвите се соочија со убиецот во судот во средата, кој одлучи да не зборува во негова одбрана.
Еден од преживеаните, Мустафа Бозтас, кој се врати од Турција на сослушувањето му се обрати на убиецот: „Вие всушност не сте човек, дури ни животно, бидејќи животните се корисни за светот“, рече тој.





