Дождливо денеска, на планините снег

Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.



Во Скопје oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.