Српскиот адвокат Вељко Делибашиќ тврди дека Урош Блажиќ, кој уби осум и рани 14 лица во масакрот кај Младеновац, не може да добие доживотен затвор.



Блажиќ, инаку, вчера на распитот признал се’ и на обвинителите им рекол дека не ги познава жртвите и дека „сакал да ги заплаши мештаните“.

„Оваа казна може да се изрече само на оние лица кои во времето на извршувањето на кривичното дело имале 21 година“ вели адвокатот.

„Со оглед на тоа што Урош Б. во моментот на извршување на кривичното дело тешко убиство немал 21 година, нема да добие најстрога казна.За тоа кривичното дело предвидува затворска казна од најмалку десет и најмногу 20 години“, рече адвокатот.

„Да имаше 21 година, ќе беше применета доживотен затвор.

„Ако навистина го направил тоа што му се припишува и ако се утврди, тогаш 20 години е максималната казна. Право на сите осудени е да поднесат барање за предвремено ослободување од затвор по отслужување на две третини од казната. , но тоа не значи дека судот ќе одобри“, заклучи тој.