„Доверливо“: Извештајот за Катица Јанева зад затворени врати

Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски кој вчера го доби изештајот од Советот на обвинители за разрешувањето на осомничената обвинителка Катица Јанева во аферата „Рекет“ под назнака  „доверливо“ се очекува да објави кога ќе ја закаже расправата која најверојатно ќе се одвива зад затворени врати и во присуство само на оние пратеници кои имаат безбедносен сертификат.



Од собраниски извори дознаваме дека седницата би можела да биде закажана уште утре.

Потребно е како што велат во Собранието, мнозинствотото пратеници да имаат безбедносен сертификат за да може да се изгласа предлогот за разрешување, но таму не знаеја колку од членовите поседуваат таков документ. Деталите за ова и денот на седницата денеска ќе ги открие Димовски, претседаелот на Комисијата.