„Довербата во Груевски не е случајна, граѓаните велат дека се разочарани од политичарите: ‘Нека се фрлат сите во Вардар!“

„Довербата во поранешниот премиер Никола Груевски, сега барател на азил во Унгарија, не е случајна. Вака оценуваат граѓаните, кои ги анкетираше ТВ Алсат. Тие велат дека ова е поради разочарувањето од сегашните политичари.“ – објави ТВ Алсат во својата репортажа.

ТВ Алсат пишува: „Премиерот со најголема доверба во земјата, заврши како азилант во Унгарија, избегнувајќи ја правдата. Во најновото истражување на американскиот Меѓународен републикански институт Никола Груевски повторно го зазеде тронот како најпопуларен лидер во земјата. Што се случи, за да се врати по многу години довербата на народот кон овој човек, кој со своите постапки и одлуки ги уништи надежите на граѓаните за европската иднина на земјата?“

Потоа оваа телевизија ги пренесува мислењата на граѓаните, кои ги анкетираше во врска со Никола Груевски и причините за неговиот рејтинг: „Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија, кој беше осуден во отсуство за корупција и други кривични дела, сега е прогласен за најпопуларен политичар! Но, кои се сега овие наши политичари? Тие се пониски од него со рејтингот, тогаш нека скокнат сите во Вардар со овој рејтинг, што го имаат, директно во Вардар!“

„Откако се осамостоивме како држава, никој не се интересираше за народот. На терен многу ветувања, но сите крадеа. Исто така, и Никола Груевски крадеше, но тој и работеше, а што прават овие сега? Сите млади заминуваат.“

„Народот не е доволно информиран, прифаќа се што му се сервира. Воопшто не размислува. Реално, не требаше да биде вака. Се уште немаме достоинствени водачи. Само поради корупцијата стасавме до овде, до крајот“

„Ако не се чувствува како виновник во својата земја, во сопствената татковина, човек ќе немаше потреба да бега. Тој би останал овде и би размислувал за својот народ и за својата земја. Во Македонија во овој момент не функционира ништо. Инаку во Македонија моментално ништо не функционира, ниту судството, ниту се почитуваат законите“.

„Тој беше каков што беше, но беше подобар од овие што се сега. Не е сосема така како што се зборува, овие се побогати отколку што е тој.“

“Затоа што овој народ е луд.“

„Ако се претпочита Груевски, додека сите овие, кои се во Владата, не се претпочитаат, тогаш овде нешто не е во ред тука.“

„Зошто го враќаат? Тој не беше добар. Него можат да го бараат крадците, но народот овде не ги сака крадците.“