Македонската православна црква е уставна категорија и таа не може да го менува своето име а да не биде прекршен уставот на Македонија, предупредува професорката Тања Каракамишева Јовановска.
,,ДОСТА ГО КРШИТЕ УСТАВОТ! Македонската православна црква е утврдена во Уставот и нејзиното уставно име МОРА да се почитува!”, порачува професорката Каракамишева која го користи хаштагот
#УставотНеЕТоалетнаХартија
Каракамишева објавува дел од уставот каде МПЦ која сега во своето име ја има и додавката ОА се нарекува Македонска Православна Црква.

Нејзината порака доаѓа по најавите дека МПЦ-ОА ќе мора да го смени своето име ако сака да стане автокефална црква.
Една од варијантите за името на МПЦ-ОА како предуслов за автокефалност е Охридска Архиепископија но деновиве таа се нарекува и црква на Северна Македонија, црквата на архиепископот Стефан, црквата од Охрид.
Доколку светиот синод на МПЦ-ОА реши да го смени името во Охридска Архиепископија таа нема да биде дел од уставот на Македонија односно ќе стане вонуставна категорија.
Освен ако под влијание на политичките фактори кои беа дел од лобирањата за признавање на МПЦ-ОА не се соберат 80 пратеници за промена на уставот.





