Меѓу другите пораки што ги упати на Комеморацијата по повод 80 години од Холокаустот на македонските Евреи претседателот на Еврејската заедница на Р. М. Пепо Леви упати порака во која што не ја споменува директно Бугарија но се однесува и на неа.
,,Доста е со омаловажувања и навреди од соседи, доста е со обиди за доминација и супериорност”, порача Леви на комеморацијата од која повика да се запре војната во Украина.
Бугарија се уште не прифаќа одговорност за депортацијата на Евреите од Македонија и Тракија кои беа окупирани од бугарската држава која беше во коалиција со фашистичка Германија.
Досега ниту еден бугарски политичар не се извинил за депортацијата на македонските Евреи од кои 98 проценти никогаш не се вратија во своите домови.
Пред Леви на настанот зборуваше премиерот Ковачевски.






