????????????????????????????????????

Друштвото „Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ“ од денеска е во целосна сопственост на досегашниот извршен директор Божидар Јанковски.



Ерсте Кард Клуб д.о.о. Загреб, Хрватска го продаде целосниот удел.- Advertisement –

„Ова е исклучително признание за работата на Динерс Клуб во нашата земја. Заради одличните резултати на менаџментот на компанијата во изминатите 20 години, ја добивам оваа ретка можност како приватно лице да бидам сопственик на компанијата која продолжува да работи под франшизата на Diners Club International Ltd. Ваква соработка е вистинска реткост и потврда на фактот дека компанијата со години бележи одлични успешни резултати и раст.“ изјави Јанковски.