Досега 22 жртви од експлозијата во хотелот во Хавана

Истекување на гас, а не терористички напад е причина за експлозијата во хотелот „Саратога“ во Хавана, Куба, во која загинаа 22 лица а 74 повредени се пренесени на лекување, пренесува Гардијан.



„Сè покажува дека експлозијата била несреќен случај“, рече кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во телевизиско обраќање.

Дијаз-Канел за Ројтерс изјави дека експлозијата не била предизвикана од бомба и дека нема индиции дека се работи за терористички напад, а по враќањето од местото на експлозијата и кратка посета на две болници кои ги лекуваат повредените, тој рече дека се работи за „жалосна несреќа“.