Претседателката на асоцијацијата на жени во Еврпската народна партија (ЕПП) испрати честитка до професорката Гордана Силјановска Давкова која во саботата на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана за кандидат за претстојните претседателски избори.



Вчера ме разбуди пораката: „Драга Гордана, асоцијацијата на жени на ЕПП го честита изборот за кандидат за претседател. Со цело срце ти посакуваме голем успех-стоело во честитката од Дорис Пак, претседател на асоцијацијата на жени во Еврпската народна партија (ЕПП) до професорката Гордана Силјановска Давкова која во саботата на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана за кандидат за претстојните претседателски избори“ напиша Гордана Силјановска откако ја доби честитката од Дорис Пак на Фејсбук.