За зголемените плати и К-15 во јавниот сектор ќе бидат потребни допплнителни 40 милиони евра во државната каса до крај на годината, пренесува Телевизија 24.
Ова ќе предизвика непланиран ребаланс, признава министерот за финансии Фатмир Бесими, кој најави прекројување на буџетот веќе во септември. Нови задолжувања ќе нема, а парите ќе се бараат од кратење на други ставки, вели за Анализа министерот Бесими.
Зголемувањето ќе важи за сите во јавниот сектор, вклучувајќи ги и оние на локално ниво, но не и за функционерите кои пред три месеци добија згомеување од 78 отсто. Бесими вели дека од 2025, договориле системско решение за раст на платите, со кое вработените во јавниот сектор ќе имаат иста методологија за пресметка на плати како и функционерите. Иако Синдикатите и Владата вчера изразија задоволство од договорот, дел од независните синдикати велат дека 10 отсто е малку.
„Зголемувањето на платите во јавниот сектор за 10% од септември 2023, можеби е решение за сите сфери од јавниот сектор кои претходно добија покачување во март месец од 8-15% (во зависност од секторот), но во секторот образование решение е само целосно спроведување и почитување на колективните договори и висината која во истите е предвидена“, вели Томислав Гиевски, претседател на Независен синдикат за образование и наука.
Поради претстојното зголемување на платите и исплатата на К15, со планираниот ребаланс веќе е извесно дека сегашната позција на економски раст од 2,9 ќе се намали на околку 2,5 проценти, а инфлацијата во однос на сегашната проекција, ќе се зголеми на околу 9 отсто, како што се наведува и во новата фискална стратегија 2024 -2026.
Извор : ТВ 24
https://24.mk/details/vladata-doprva-kje-bara-kako-da-ja-pokrie-dupkata-od-40-milioni-evra






