Тања Милевска, дописничка на државната Македонска информативна агенција (МИА) од Брисел, реагира за поддршката од Јанез Јанша за Доналд Трамп за претстојните претседателски избори во САД, порачувајќи му на словенечкиот премиер да порасне!
„Нема ниту еден збор во овој твит што не е крајно зол и погрешен. Порасни“, му се обрати Милевска на Јанша, кој твитна: „Ги почитуваме тешкиот, трагичен личен живот на Џо Бајден и некои од неговите политички достигнувања пред многу години. Но, денес ако биде избран тој ќе биде најслабиот претседател во историјата. Во моменти кога слободниот свет очајнички има потреба од силни САД како никогаш претходно. Оди, победи Доналд Трамп“.




