Трансплантација на бубрег е направена претпладнево на Клиниката за урологија – 27.годишен пациент доби орган од починатата 20-годишна девојка, чие семејство ги донираше органите.
Во моментов во тек е втората трансплантација кај 40.годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од истиот донор, јавува 360 степени.
Благодарение на семејството кое одлучи да ги донира органите на девојката која настрада во сообраќајна несреќа, до сега се спасија три животи.







