Народна Република Доњецк не може повторно да стане дел од Украина сега кога голем број земји ја признаа како независна, изјави заменик-шефот на одделот на Народната милиција на ДНР Едуард Басурин.
„Веќе нè признаа неколку земји – шест или седум, а особено Русија, така што присуството на оваа република (ДНР) како дел од Украина повеќе не е можно, нагласи тој.
Независноста на ародните републики Доњецк и Луганск досега целосно ги призна Русија, а поддршка за независноста изразија Белорусија, Централноафриканската Република, Никарагва, Судан, Сирија и Венецуела.
Пред неколку дена, лидерот на источноукраинскиот бунтовнички регион Луганск, поддржан од Русија, изјави дека може да одржи референдум за приклучување кон Русија.
Двата административни региони во Донбас, кои прогласија независност во 2014 година, ја објавија својата желба да се приклучат на Русија во 2015 година.
На референдумот одржан кон крајот на 2014 година, претставниците на привремените влади изјавија дека со големо мнозинство го поддржуваат прогласувањето независност.







