Донев: Коалицијата СДСМ-БЕСА е перверзна

„Изјавите дека македонската држава е мултиетничка се глупост. Тие се резултат на недостаок на знаење на политичката и правната теорија и терминологија. Мултиетничка држава не постои. Постои унитарна, федерална и конфедерална држава. Во таа држава постои население кое најчесто е мултиетничко, но во себе содржи и доминантна етничка група, која преку своите заложби ја формирала државата и преку инструментите на државата прераснала во нација“, пишува амбасадорот Јован Донев во колумна за „Нетпрес“.



Оттука, постојаното повторување од страна на СДСМ дека Македонија е мултиетничка држава, односно дека СДСМ е мултиетничка партија, како и неговото делување во извршната и законодавната власт, покажува анационален приод кој има за цел да ја деноминира македонската нација на ниво на етничка група, вели Донев според кој „заложбите на СДСМ за деноминирање на македонската нација, се спроведуваат чекор по чекор“.

Донев вели дека „задржувањето на статусот на македонската нација е спротивен на договорите со Бугарија и Грција, но и Тиранската платформа. СДСМ овие договори не ги потпиша за да ја популаризира македонската нација. Спротивно! Тие се потпишани за преку насилно донесените измени на преамбулата на уставот да започне процес на нејзина деноминација…’

Амбасадорот смета дека коалицијата помеѓу СДСМ и Беса, е перверзна и спротивна на интересите на македонската нација и држава.