Професорот и поранешен македонски амбасадор Јован Донев реагира на последните изјави од македонски интелектуалци кои се согласуваат со бугарските ставови околу заедничката (бугарска) историја на Македонија и Бугарија, зборуваат за бугарски „происход“ на Мисирков и Делчев, одмолчуваат или лесно преминуваат преку негирањето на македонскиот јазик од страна на официјална Софија.
„Тоа што најмалку го очекував е фактот дека на страната на велико-бугарските позиции застанаа и ликови кои до пред три години, немаа никакви забелешки за нивнот индивидуален, но и колективен идентитет“
За да нема забуни немам никаков проблем доколку некој од нив во меѓувреме се самоосвестил и сега се чувствува како Бугарин. Немам никаков проблем и доколку јавно го зборува тоа.
Имам проблем доколку сакаат нивното ново самоспознавање да го префрлат на целата нација. Тоа е недозволиво“’ пишува Донев во колумна за Нетпрес.
„Прво – вели професорот -никој не им дал за право да зборат во мое име, и второ, пред да почнат да зборат нека прочитаат по некоја книга. Статии од весници и изјави извадени од контекст нека си ги чуваат за по дома. И уште нешто. Доколку Македонците прифаќаат дека се дел од бугарскиот народ, тогаш резултатот од референдумот за договорот со Грција, немаше да биде таков како што беше.
Правото да им делам совети на новоосознаените Бугари, по потекло, од Македонија, го вадам од еден и единствен факт.
Етничката припадност на секој еден народ не се проучува само со историографски факти. Тие се помошни алатки со чија помош треба да се разбере времето во кое еден народ се конституирал, неговата економска и социјална положба, степенот на образованието, постоењето или непостоењето на класи или слоеви во рамките на етничката група…“
Целата колумна на проф. Донев на следниот ЛИНК




