Поранешниот македонски амбасадор во Обединетото Кралство, Јован Донев, смета дека сигналите од 7-те земји членки на ЕУ кои се противеле на започнувањето на преговори за Македонија, повеќе зборуваат во прилог на тоа дека датумот е неизвесен и во октомври, отколку дека воопшто ќе го добиеме.



„Министерот Димитров сигурно ги знае овие информации, од друга страна Милошоски е сериозен политичар и поранешен амбасадор, кои добива податоци и не верувам дека ќе си дозволи „фејк њус“, вели Донев во изјава за ТВ Алфа.

Според него, Франција јасно кажа дека нема да дозволи датум за отпочнување на преговори со нови држави бидејќи, според нив, тоа не треба да биде приорите на ЕУ. Таа идеја Макрон ја кажа во присуство на панскиот претседател. За Данска исто така веќе знаевме, не беше ново“, вели Донев.
Донев оценува дека штетата е веќе направена, со тоа што оваа влада влезе во преговори, го смени Уставот и името, без ниедна гаранција од ЕУ за прием.