Бугарија не е Холандија, па даја интересира спроведувањето на правото во Македонија и борбата против корупцијата, Бугарија единствено ја интересира да го елиминира македонизмот.



Токму тоа се последиците од прифатениот француски предлог вели за Алфа поранешниот амбасадор Јован Донев.

„Она нема за што друго да стави вето, а може постојано да става вето, на секој извештај на Европската Комисија може да стави вето. Ние од Бугарија поддршка за Европска Унија каква таква не можеме да очекуваме, додека не ги исполниме нивните барања. Бугарија нема да стави вето заради заштита на животна околина во Македонија, Бугарија ќе стави вето доколку не го избришиме фашистичкиот окупатор од спомениците“, вели Донев за Алфа.

„Францускиот предлог нас не ни даде отворени врати за преговори со Европската Унија или тие само да зависат со нас. Францускиот предлог јасно стави до знаење дека ќе зависи од исполнувањето на билатералниот договор со Бугарија.

Треба да ги гледаме во пакет, да не беше така Бугарија немаше да го прифати францускиот предлог“, вели Донев.