Нелогични се барањата да Бугарите бидат внесени во Уставот, кога нивниот број рамен на статистичка грешка, изјави поранешниот амбасадор, Јован Донев, за ТВ Алфа.
„На два милиони и нешто или милион и 800, како сакате да кажете, да имате 3.000 Бугари, од кои што 1.200 зборуваат на бугарски јазик или бугарскиот јазик им е мајчин јазик, мислам дека тоа прашање веќе не треба да се отвора воопшто“, вели Донев.
Бројката од 3.504 Бугари според резултатите од пописот, предизвика сомнеж во бугарското МНР според кое, оние 132.000 граѓани кои го бојкотирале пописот биле Бугари, но имале страв да се пишат како такви.
Во Македонија прават трикови Бугарите да бидат малцинство







