„Ние немаме датум за преговори за влез во ЕУ. Бугарија приложи документ до министрите на ЕУ во кој се вели дека позициите на Бугарија треба да се вклучат во рамката на преговори за да може да се одреди датум за преговори.
Значи во оваа фаза, Македонија има два услова: тоа е да кажеме дека не постои македонско малцинство во Бугарија и да ги информираме сите членки земји во Обединетите Нации дека јазикот не е македонски туку е службен јазик на државата“.
Ова е дебакл на македонската дипломатија за јазикот, нацијата и Македонците во Бугарија, смета професорот и екс-амбасадор Јован Донев.
Во синоќешното гостување во емисијата „СЗаспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, на тема “Заклучоците на ЕУ каде што се вметнати позициите на официјална Софија во врска со македонскиот јазик и малцинство” Донев вели тоа се тие два критериуми за отпочнување на преговорите.
„Исто така, Бугарија инсистира и на целосна имплементација на Преспанскиот договор, затоа што таа многу добро знае дека без тоа, особено во однос на учебниците за историја, ќе имаат проблем да ја спроведат својата политика над Македонија. Значи Бугарија и Грција се синхронизирани по ова прашање, тоа се гледа и од нивните министерства кои имаат редовни консултации по однос на прашањата за Македонија“, вели Донев.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=550534002555118&id=280284355399866?sfnsn=mo&d=n&vh=e





