Донесен законот за амнестија, не куртулија сите

Попладнево со 95 гласови „за“: Собранието го усвои Законот за амнестија за настаните на 27 април.



За законот гласаа 95 пратеници меѓу кои имаше и дваесетина од ВМРО-ДПМНЕ.

Законот покрива амнестија на дел од обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април.

Со него нема да бидат амнестирани организаторите и налогодавците на нападот, тие за кои ќе се докаже дека извршиле насилство, како и тие што носеле капи фантомки и оружје.

Сите обвинети ќе можат да поднесат барање за амнестија најдоцна до истекот на петтиот дена од носењето на законот