Американскиот Изборен колеџ вчера потврди дека Џо Бајден е идниот претседател на нацијата, ратификувајќи ја неговата изборна победа од 3-ти ноември.
Претседателските избирачи му дадоа на Бајден солидно мнозинство од 306 изборни електорески гласови наспроти 232-те на Трамп, јави Асошиетед прес.
Резултатите од гласањето на електорите ќе бидат испратени до Вашингтон и објавени на заедничката седница на Конгресот на 6 јануари, со која ќе претседава потпретседателот Мајк Пенс.
Обидите на Доналд Трамп да ги поништи изборните резултати заврши со неуспех.
Сите американски сојузни држави ги потврдија резултатите од изборите преку ткн. Изборен колеџ, и покрај тоа што во неколку држави се соочуваа со голем притисок и закани по живот.
Клучно беше гласањето во Калифорнија од каде синоќа пристигнаа потребните 55 електорски гласови, со што Бајден го надмина прагот од 270 потребни гласови за и формално да му биде потврдена победата.
Се очекува денеска Џо Бајден да се обрати до нацијата.






