Американскиот претседател е номиниран за Нобелова награда за мир во 2021 година за неговите напори да постигне мир меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Предлогот за номинација го дал норвешкиот политичар Кристијан Тајбринг Џеде, објави Скај њуз.
„Мислам дека направи многу повеќе за да создаде мир меѓу народите отколку повеќето други номинирани за Награда за мир“, рече изјавил Џеде.
Во вторникот, официјален претставник на Белата куќа објави дека Трамп на 15 септември ќе одржи церемонија на потпишување н спогодба за Блискиот исток за нормализирање на односите меѓу Израел и ОАЕ.
Како дел од договорот, објавен во Белата куќа на 13 август по 18-месечни разговори, заливската државата се согласи за нормализирање на односите со Израел, додека Израел се согласи да прекине со плановите за анексија на Западниот брег.
Во 2020 година имало 318 кандидати за Нобелова награда за мир.






