Донацијата од 920 книги од Бугарија помина преку Деве Баир

Вториот обид на 920 книги „Бугарски народни песни на браќата Миладинови “ да стигнат до Бугарскиот културно-информативен центар бил успешен, информира бугарската национална телевизија.



Пред една недела од Царинската управа на Македонија не дозволи влез на пратката по што Бугарија испрати протестна нота.

Вчера рано наутро, претседателот на центарот, Виктор Стојанов, ги испратил книгите во автобус преку бугарско-македонската граница по втор пат, јавува Фактор.

„Не очекувам никакви проблеми и сакам да ја преминеме границата без никакви проблеми, за да ги донесеме нашите книги во Центарот за култура во Скопје “, рече тој.

Овој пат бугарската амбасада во Скопје го испрати договорот за донација до Царинската управа. Така, напладне автобусот натоварен со бугарски книги за донација успешно влегол на територијата на Македонија.