Централниот одбор на партијата ДОМ на синоќешната седница донесе одлука дека нема да го поддржи таканаречениот француски предлог за започнување преговори со ЕУ.



„ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така,  ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности“, пренесе ТВ21.

ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување“, велат од партијата.