На состанок на Централниот одбор на ДОМ одлучено е оваа партија да остане дел од парламентарното мнозинство и од коалицијата со СДСМ.
„ДОМ, ниту кога во Владата се водеа преговори со Алтернатива, ниту сега со Алијанса за Албаниците, не условувал со број на функционерски позиции“ вели лидерката на ДОМ, Маја Морачанин за „Макфакс“.
„Впрочем за тоа говори фактот што од 2020 година, по парламентарните избори, ДОМ учествува во Владата, со една заменичка министерка и нема никаква промена по однос на функционерските позиции на ДОМ.
За нас од суштинска важност е реализирањето на програмските приоритети, а не која партија колку министерски, заменик министерски и директорски позиции добила“, изјави Морачанин.







