ДОМ на Морачанин бара министерство за клима во новата влада

Пред средбата со мандатарот Димитар Ковачевски, претседателката на ДОМ Маја Морачанин изјави дека освен барањето нивните програмски определби да бидат дел од новата владина програма, битно е и кои кадри ќе бидат предложени за министри.



„Бараме да се воведе посебно министерство за клима и енергетика и на тој начин да се даде приоритет на борбата со климатските промени.

Остануваат и барањата за промена на изборниот модел од шест во една изборна единица, отворените листи и 50 отсто застапеноста на жените на листите. За нас е важно и кои ќе бидат предлозите за новите министри“, вели Морачанин.