Покрај голем број граѓани кои на социјалните мрежи се жалат дека утрово и покрај ниските температури радијаторите им се студени реагира и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
,,Еве го 15-ти, дојде.
И парно- нема!
Ковачевски, Бектеши, Бислимовски, Андонов… онаа Тренчевска; ајде повторно да се изнасмејат на измислувањето на процес за “топла вода” на прес. И тоа вонреден. И тоа полн со невистини. И полн со навреди за новинарите.
Ниту парно денеска има.
Ниту новата “топлификација” доби лиценца.
Ниту доволно енергенси набавија.
Се што ќе кажат, знајте- лажат!
Неспособни се и дезертери, тоа се погубни непроменливи карактеристики и такви луѓе не може да водат сметка за други, за држава.
Само избори се спасот!”, пишува Стоилковски.
Предходно целата влада тврдеше дека на 15 октомври кога официјално почнува грејната сезона скопјани сигурно ќе добијат парно.





