Долги 42 месеци владата на СДСМ и ДУИ игнорира скандал кој стана дел од црната листа на САД

Повеќе од 3,5 години или 42 месеци владата на СДСМ и ДУИ игнорира односно забошотува скандал кој стана дел од црната листа на САД.



Наодите за криминалните и малигни руски врски меѓу Миодраг Давидовиќ Дака и ,,поручникот на Заев” Драги Рашковски се спомнуваат во образложението за ставање на црна листа на контроверзниот црногорски бизнисмен кој во разговорот со Зоран Милески Кичевец открива дека дал 300 илјади евра за да соработува со владата на СДСМ и ДУИ за проектот Шик Јелак во Тетово.

Иако пред 3 години целата јавност дозна за скандалот кој го обелодени потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски ниту една македонска институција не покренала истрага за доказите за криминал кои беа јавно достапни.

Неверојатен молк од институциите

За аферата нема реакции ниту од актуелниот премиер Димитар Ковачевски кој над 20 месеци е шеф на владата ниту од Мала Речица каде знаат дека со истрага можат да настрадаат функционери на ДУИ.

За случајот молчат и Јавното обвинителство, одделот за организиран криминал во МВР, Агенцијата за перење пари а молчи и Антикорупциската комисија.

Нити една од нив иако доказите беа експлицитни не покренала никаква акција за расчистување на предметот во кој има доказ дека се дадени 300 илјади евра но има и индиции дека се работи за бизнис вреден милиони евра од кои дел завршиле кај функционери на СДСМ и ДУИ.

Сите горенаведени институции најверојатно молчат затоа што сите ќе морале да истражуваат високи личности во СДСМ и ДУИ.

Покрај споменатите Зоран Заев и Драги Рашковски предмет на истрага требало да бидат и екс градоначалничката на Тетово од редовите на ДУИ Теута Арифи и советниците на ДУИ и СДСМ во општина Тетово кои го изгласале ДУП-от како што барал Давидовиќ за да може да инвестира на земјата на Шик Јелак.

Сите наведени со образложението на американското министерство за финансии за статусот на Давидовиќ на црната листа на САД се во опасност да му се придружат на црногорскиот бизнисмен со руски врски.

Зошто инаку САД би го споменувале Дака во мафијашки контекст на Драги Рашковски како ,,поручник на Заев”?

Сите горенаведени институции ги имаат сите потребни информации кои се од јавен карактер кои можеле лесно да бидат проверени во евентуална истрага.

Освен ако не биле спречени од политички фактори или им било советувано да не се занимаваат со оваа тема.

Времеплов на настаните укажува дека ако сакало обвинителството на Јовески или Антикорупциската комисија на Билјана Ивановска досега не само што можеле да почнат истрага туку и да го добијат предметот на суд:

🔹27.06.2020, аудио снимка меѓу Кичеец и Дака за трговија со влијание во носење на ДУП ШИК Јелак

🔹09.10.2020, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски објавува ДОКАЗИ за перење на пари за Руски инвестиции во Тетово

По три години, откако ниту една институција не отворила истрага а американските служби за безбедност ги провериле наводите за криминал Дака е ставен на црна листа а Рашковски и Заев се споменуваат како да се дел од мафијашки картел.

Повеќе детали