(ДОКУМЕНТИ) Фантомската фирма со двојно поскапи вакцини

Автентични документи од Централен регистар на ХОНГ КОНГ објавува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.



На документите според Николовски се гледа дека фирмата формирана 4 месеци по доаѓањето на СДСМ на власт е со тројца вработени а наплаќала двојно повеќе од редовната цена за кинеската вакцина.

“ФАНТОМСКАТА Стабри е регистрирана во СЕПТЕМВРИ 2017, а Заев формираше Влада во МАЈ 2017.

Има САМО 3 вработени

Преку таа фирма оди обидот за набавка на вакцини по ЦЕНА 2 ПАТИ ПОВИСОКА”, открива Николовски.