(ДОКУМЕНТ) Урнат митот за бугарско малцинство во Албанија

Целосно е уништен митот за постоење бугарско малцинство во Република Бугарија во Албанија откако за гласање на престојните избори за нов парламент во Софија се пријавиле минимален број Бугари во оваа земја.



На 4 април 2021 година во Бугарија се гласа за избор на народни претставници за бугарското Собрание. За таа цел, согласно член 31, ал. 1 во врска со член 32 од Изборниот законик на Бугарија, бугарските државјани кои живеат надвор од Бугарија имаат обврска да се пријават за гласање во акредитираните центри за гласање.

Таквата обврска ја имаат искористено и лицата кои изразиле желба да гласаат во Бугарската амбасада во Република Албанија. Според, јавно објавениот списокот на лица кои изразиле желба да гласаат на изборите за народни претставници на 4 април 2021 година во Албанија/Тирана (Амбасада) забележани се 15 лица.

Голем дел од нив се вработени во Бугарската амбасада јавува весникот Илинден на Македонците од Албанија.

“Станува нејасно каде се оние илјадници Бугари во Албанија за кои говорат официјалните бугарски политички кругови. Познато е дека со години бугарските емисари се обидуваат да ги убедат Македонците во Албанија дека треба да се пишуваат и изјавнуваат како Бугари. Но Бугари во Албанија не постојат или се во минорен број, а за интересот за гласање на „Бугарите“ во Албанија најдобро говори јавно објавениот список.

Од друга страна, Согласно овој список, јасно е дека со невидени уцени и притисоци од страна на Република Бугарија, како членката на Европската Унија, врз албанските политички елити во 2017 година во Албанија беше промовирано непостоечко бугарско малцинство”, пишува весникот Илинден објавувајќи го документот со сите 15 Бугари во Албанија што ќе гласаат за нова бугарска влада.

Целата информација овде