(ДОКУМЕНТ) Од што се плаши Николовски – Чудна наредба за ,,тресење” од министерот за земјоделие откако доби заменик од ВМРО-ДПМНЕ

Чудна наредба на министерот земјоделие Љупчо Николовски откако доби заменик од ВМРО-ДПМНЕ.



Денеска меѓу вработените во министерството за земјоделие Николовски доставил наредба со која треба да се ,,Тресат” сите луѓе што влегуваат во министерството а за тие што треба да останат повеќе од еден час тој поставува посебни протоколи кои се крајно невообичаени за едно министерство.

Што е тоа што го плаши Николовски од гостите во министерството за земјоделие засега немаат одговор ниту во неговиот кабинет од каде не можеле на другите вработени да им ја објаснат наредбата.

Една од причините за ваквото нервозно однесување на Николовски, според извори во министерството е стравот кај министерот дека некој може да ги најде и открие списоците за субвенции, за доделувањата на земјоделско земјиште и други списоци на кои има многу луѓе од СДСМ и ДУИ но и луѓе кои не се занимаваат со земјоделие а добивале различни видови помош од оваа институција.

Никој нема објаснување зошто се до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски да биде дополнителен заменик технички министер, Николовски не дал ваква наредба за влез во министерството.

Тоа што го крие Николовски не може да биде скриено затоа што за сите трансакции има соодветни записи кои ќе бидат достапни до соодветните институции ако има потреба, тврдат извори во министерството за земјоделие кои се чудат на однесувањето на министерот.

Цел документ