Докторирала во Манчестер, од УКИМ ја одбиле дека не знаела англиски!?

Професорот Атанас Кочов од Машинскиот факултет вели дека ќерка му била одбиена од УКИМ каде што конкурирала за работа бидејќи не знаела англиски иако магистрирала и докторирала во Велика Британија, објави СкопјеИнфо



„Ќерка ми студираше и магистрираше во Манчестер, а живее и работи во Македонија. Неколку години работи во приватна фирма. Од УКИМ ја одбија за работа со образложение дека не знае англиски јазик. Така стои и во билтенот, а таа магистрираше и ќе докторира во Манчестер, кажа Кочов кој е еден од кандидатите за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје,во емисијата „Стадион“.

Кочов посочи дека од 2012 година државата вложила милиони евра во студенти од Македонија, но никој од нив не работи на УКИМ.