Под итно да се одобрат вработувања, особено за одделот за предвреме родените бебиња , алармира директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство , Викторија Јовановска.
„Работиме со многу мал број вработени. Нам итно ни требаат доктори и медицински сестри, кои секојдневно го напуштаат одделението затоа што се соочуваат со огромен предизвик, меѓутоа и со многу тешка задача. Тоа е 24-часовно работно време, без можност за одмор. Вработените, особено докторите на овој оддел, немаат можност, дури ни да го искористат правото на годишен одмор поради тоа што обврските секогаш ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки, им должиме на овие вработени, кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри што не можеа да го издржат овој предизвик. Таа работа е исклучително тешка. Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не може да се соочат со овие предизвици и си одат“, рече директорката Јовановска.
Министерот Меџити ги слушаше овие апели за да се одобрат вработувања прилично спокојно,
Инаку, забелажанани се рекордно ниски бројки на смртност кај предвреме родените.
Од 74 отсто во 2017 година, годинава смртноста кај предвреме родените бебиња е сведена на 5,6 отсто, што директорката Јованоска рече дека е извојувано со макотрпна борба .

Home Македонија Доктори и медицински сестри секојдневно го напуштаат одделот за гинекологија и акушерство...





