Доктор за почината пациентка: „Секој има право да умре“

Жена на 61.годишна возраст починала во неделата на КАРИЛ, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника, при што било изгубено драгоцено време, дознава НОВА ТВ.



Жената минатата недела најпрво  помош побарала во Градската хируршка болница„Св. Наум Охридски“, потоа била однесена во Ургентен центар, но не била хоспитализирана таму бидејќи немало место. По три дена била хоспитализирана на Клиника за нефрологија, а оттаму била однесена на Клиника за дигестивна хирургија, каде била оперирана минатиот четврток.

По ова, таа била однесена на КАРИЛ, каде по три дена починала.

Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија за НОВА изјави дека нема зошто да објаснува на медиуми за случајот и тоа ќе го стори само на барање на Министерството за здравство.

„ Примена е сабајле кај нас во четвртокот и е оперирана попладнето. Не е шетана од клиника на клиника. Се што треба ќе објаснам на Министерството за здравство, ќе им ја дадеме и потребната медицинска документација. Нема ништо чудно во случајот, секој има право да умре“, изјавил Караџов, за НОВА ТВ.