Граѓанин од источна Македонија чиј што идентитет е познат на авторот на текстот што го објавува порталот брегалнички.мк во телефонски разговор сведочи на кој начин бил поткупен и измамен од страна на познат истакнат активист на СДСМ за да гласа за оваа партија на Предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули.
Според изворот на информации со кого порталот остварил неколку телефонски контакти, покрај тоа што требало тој и неговото семејство да гласаат за СДСМ, требало да обезбеди дополнителен број гласови (колку што може повеќе).
За возврат од страна на активистот од СДСМ требало му се обезбеди помош за синот на измамњниит за да положи “градска вожња” за автошкола.
“Притоа комуникацијата за ваквата “зделка” со гласови кои требало да легнат на контото на СДСМ, одела преку зетот и ќерката на нашиот извор на информациите кои што се наоѓаат во Италија. Возачката дозвола била потребна на синот на нашиот соговорник чиј што глас се слуша на оваа снимка, за да синот замине на работа во странство како возач”, пишува брегалнички.мк.
Во аудиото измамениот граѓанин соопштува дека бил задолжен од страна на активистот на СДСМ да го слика гласачкото ливче како доказ дека гласал за оваа партија.
Според кажувањето на измамениот откако неговиот син паднал на практичниот дел од полагањето на градско возење со автошколата што се случили на 21 овој месец, решил да проговори во јавност и да ја раскаже својата приказна на кој начин бил измамен тој, неговото семејство и уште 10-тина други граѓани кои ги обезбедил за да гласаат за СДСМ.
Целата информација на следниот линк
Аудиото од признанието за изборен поткуп на овој линк
https://m.facebook.com/watch/?v=1445729385615077&_rdr
https://www.facebook.com/bregalnicki/videos/1445729385615077/?extid=mQwSwosnL5Qoo2In&d=null&vh=e





