Дојде време Бетмен Велит да ја сподели Билјана Секуловска (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Колку владата не го разбира единството кај народот и чувството на граѓаните за француските предлози најдобар показател е што групата скептици за идеите на Макрон опфаќа и десничари, либерални и леви јавни личности кои предходно секогаш имале различни ставови за сите политички теми во Маледонија.



Последниот таков пример на антивладина позиција која поврзува јавни актери кои предходно не можеле да се поврзат никако е споделувањето на пост на новинарката Билјана Секуловска од ТВ24 од страна на Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој има емисија на ТВ Алфа.

,,Последните настани Еве, сефте да ја шернам и Секуловска 🙂
Мислам, истото 160 пати сум го пишал и го збореле луѓе, но… ете, сефте да ја шернам и Секуловска :)”, малку на шега но повеќе на вистина пишува Илиевски.

Секуловска во својот пост пишува дека ако Договорот со Бугарија е дел од преговарачката рамка тогаш историјата останува проблем за македонските преговори со ЕУ.