
Компанијата „Норс Атлантик ервејс“ соопшти дека влегла во историјата како првата авиокомпанија, која со авионот „боинг 787 дримлјанер“ слетала на Антарктик.
„Во епскиот лет“, како што наведоа од компанијата, авионот полетал од Норвешка, па првата фаза од патувањето ја завршил до Јужноафриканската Република, и по стратешкото запирање, да го продолжи патот на Антарктикот каде што слетал на аеродромот Трол, пренесува Си-ен-ен.
Како што наведе Норвешкиот поларен институт, ова беше најголемиот патнички авион кој слетал на ова подрачје.
Пистата на која слета авионот е долга три километри и широка 60 метри.
„Меѓу патниците беа научници од Норвешкиот поларен институт. Исто така, авионот превезувал и 12 тони опрема“, се наведува во соопштението.
По повод слетувањето се огласи и директорот на компанијата „Норс атлантик ервејс“, Бјорн Торе Ларсен.
„Голема чест е и возбуда во име на целиот тим на Норс што заедно постигнавме значаен момент на слетувањето на првиот „боинг 787 дримлајнер“ на Антарктик. Во духот на истражувањето горди сме што учествуваме во оваа единствена мисија. Тоа е вистинска потврда на нашите високо обучени и вешти пилоти и екипажи, како и на нашите врвни авиони боинг“, наведе тој.





