Доколку Бојко Борисов беше кандидат-студент и одговараше на тема по историја за националноосвободителните борби на Бугарите во Македонија и во Одринско и Тракија, ќе добиеше двојка (незадоволно 1 по бугарскиот систем)  поради споредбата на Гоце Делчев со Че Гевара.



И тоа ќе беше уште еден „студентски бисер”, пишува сервисот на бугарски јаик на Дојче веле“.

На отворањето на Економскиот форум во Пловдив (26-ти јуни) Бојко Борисов .. . прозборе за за спорот околу националноста на Гоце Делчев. Прашањето повторно стана актуелно откако од македонскиот тим во заедничката Комисија формирана согласно Договорот за добрососедство, изјавија дека Гоце Делчев не е Бугарин, туку Македонец и побараа заедничко славење на неговото сеќавање на 7 октомври.

 Бугарија го отфрли предлогот, бидејќи на овој датум во 1946, академикот и филозоф Тодор Павлов (роден во Штип), член на БКП доби овластување  „да ги пренесе посмртните останки на бугарскиот национален херој на Македонија“.

“Дојче веле“ констатира дека изјавата на Борисов – дека „Нашиот херој Гоце Делчев …е бугарски херој кој е сакал, кој се е жртвувал, кој се аложил за слободата на МакедонијаШ како што на ист начин „Че Гевара, аргентинец, отиде да се бори за слобода на Куба и умре во трета земја“ – како да му е дадена од Коминтерната.

Дојче веле му замера на Борисов дека тој делува како портпарол на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој рече дека „неоспорна историска вистина” е дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, но историска вистина е и тоа дека тој се борел за македонска држава. Не за слободата на македонските Бугари.

„Имиџот на Ернесто (Че) Гевара, некогашната десна рака на лидерот на кубанската револуција и непромениливиот лидер на Куба, Фидел Кастро, денеска е бренд, мит за борбата против капитализмот и американскиот империјализам. Пропагандната машина  ги пропушти фактите кои биго затемниле тој лик –  мноштвото убиства извршени по негова наредба, работнитте логори за дисиденти и хомосексуални,  за трговијата со дрога, неговата страст кон луксузот, суровоста и манијата кон величие …

Ништо според карактеристиките на овој висок партиски функционер не го наоѓаме во биографијата на Гоце Делчев, напишана од Јаворов, кој беше негов соработник и кој напишал го цитира Гоце Делчев, кој предупредува на„турските прогони и злосторства во бугарското население во Македонија”, пишува „Дојче веле“.