Германскиот државен медиумски сервис Дојче Веле на својот сервис на српски јазик го анализира референдумот за името и упатува иако индиректни, сепак жестоки критики кон премиерот Заев и владата која ја обвинува за спинување на резултатите од неделата.
Слабата излезност во Македонија е шамар за западот и тука спиновите за резултатот не помагаат, пишува Дојче Веле во анализата насловена како „Бламажа на западот во Македонија“.

“Луѓето на Балканот се уморни од фразите за “европската перспектива” и “заедница на вредности”, пишува во анализата во која се цитираат највлијателни германски медиуми како Франкфуртер Алгемајне Цајтунг кој анализира два факти: поддршка за промена на името кај 91, 5 % од излезените и излезност од само 36,9 %.
Македонската редакција на Дојче Веле не ја пренесува оваа анализа за сопствената земја ниту пак користи сличен вокабулар и оценки за неделниот плебисцит.
Дел од новинарите во македонската редакција во изминативе години се отворени поддржувачи на политиките на СДСМ и на лидерот Зоран Заев кој во неделата според Дојче веле доживеал пораз кој не може да го спасат ниту спиновите на владините пропагандисти.
Целиот текст на Дојче Веле овде
А еве како официјален Берлин реагираше по референдумот:





