Дојави за бомби во Загреб: Четири биле лажни

Неколку хрватски медиуми и загрепската полиција утринава добија лажна дојава за бомби лоцирани на повеќе локации во Загреб.



Загрепската полиција веднаш по пријавата излегла на терен и извршила увид на локациите.

Кај четири од нив не е пронајден експлозив, додека потрагата по петтата локација се уште трае.

Нема опасност за граѓаните, соопшти полицијата.

Иако загрепското јавно обвинителство не прецизира каде се’ уште трае претресот, дознаваме дека се работи за редакцијата на Јутарњи лист.

Во мејлот испратен до медиумите се наведува дека секоја експлозивна направа содржи експлозив Ц4 и нервниот агенс сарин и дека имаат тајмер.

Експлозиите биле најавени за попладнево. Индекс.хр