Гимназиите „Владо Тасевски“, „Корчагин“ и „Јосип Броз Тито“ се меѓу осумте средни училишта кои денеска добиле закани за поставени бомби. јави А1.Он.
Информациите ги потврдуваат и од МВР. Досега имаат податоци за дојави во осум скопски училишта.
„Денеска околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Во една од пораките испратена до скопско училиште пишува дека бомбата ќе експлодира преку сателитски сигнал и дека никаков вид на блокатори не може да ги спречи. Во пораката е надевено дека поставувачите на бомби бараат исполнување на некои услови, но, досега не успеавме да дознаеме дали во пораките пишува што точно бараат, објави порталот.
.







